Ц Маркет: Се продаваат 16, 3 отсто акции за 9, 3 милиони евра

Српската Агенција за приватизација објави повик за собирање на понуди за купување 16,3 отсто од акциите на трговското претпријатие Ц маркет од Белград.

Почетната цена е 9, 3 милиони евра, колку што изнесува проценетата вредност на капиталот што е понуден на продажба при крајот на 2013-та година.

Ц маркет во најголемиот дел е во сопственост на белгиската компанија Делез, а 23,2 отсто е општествен капитал. Агенцијата за приватизација продава 70 отсто од општиот капитал, што е 16,3 отсто од акциите, а останатиот капитал ќе биде поделен на сегашните и поранешни работници во друштвото.

Во Ц маркет се вработени 3.244 лица, во 2013-та година приходите изнесувале 223,1 милион евра а расходите 211,7 милиони евра.

Фото: kurir.rs

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.