Цана: Победи подобриот тим, но победи и спортот

Цана призна дека победи подобриот тим и им честиташе на Србите

Гостите славеа во Елбасан со 0:2, а капитенот на албанската репрезентација, Љорик Цана го призна поразот и истакна дека на крајот победил фудбалот.

Најважно од сѐ е тоа што натпреварот мина во најдобар ред. Им покажавме на сите дека можеме да играме фудбал и на нашата меѓусебна пресметка да преовлада спортот, а не некои други работи, изјавил Цана за агенцијата “Бета”.

Александар Коларов и Адем Љајиќ беа стрелци на погодоците за Србија, а Цана призна дека победил подобриот тим.

Резултатот не е баш добар за нас, игравме добро, но Србија има искусни играчи, кои знаеја како да ја задржат топката на 0:0 и во завршницата да победат. Србија има квалитетни играчи, секоја чест. Имаат големи шанси да се пласираат на Светското првенство во Русија 2018 година, додаде фудбалерот на Нант.