Цанков: Мaкедонија е лидер во деловниот свет затоа што спроведе редица реформи

многу позаштитени годинава споредено со лани. Тоа се клучните реформи кои ги спроведе Македонија годинава“, вели Џанков.

Дуинг бизнис има најмногу критичари во големите економии

Џанков не вели дека извештајот Дуинг бизнис е совршен. Но, според него критиките доаѓаат од големите економии кои котираат подолу на листата. Нивните тврдења дека извештајот е контроверзен затоа што не ги зема предвид инвестициите и растот туку условите за водење бизнис, не се издржани.

„Многу компании инвестираат во Кина затоа што тоа е голем пазар, а не затоа што има добра бизнис клима. Истото важи и за Индија и за Бразил. Ако погледнете кој го критикува извештајот, ќе видите дека тоа се големите земји кои тврдат дека и покрај извештајот имаат инвестиции“, вели Џанков.

Најобемниот извештај на Светската банка, Дуинг бизнис годинава Македонија ја рангираше на 12 место во светот според условите за водење бизнис во конкуренција на 189 земји. За девет години земјава напредуваше за 82 места на оваа листа.