Царина доби сертификат за квалитет ISO 9001:2008

Царинска управа на Република Македонија се стекна со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет што претставува значаен стандард за квалитет во работењето на институцијата.

Процесот за воведување ISO 9001:2008 стандардот за квалитет започна со имплементација од јуни 2012 година како дел од постојаните напори за реформа на Царинската управа и подобрување на нејзината ефикасност и ефективност.

Во периодот од 10-13 декември 2013 година во Царинската управа, од страна на меѓународното сертификационо тело TÜV NORD Бугарија беа спроведени сертификациски проверки на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2008. По спроведените проверки Царинската управа доби потврда за усогласеноста со барањата на стандардот за управување со квалитет, што истовремено значи и потврда на сите процеси и постапки кои што ги врши Царинската управа како и услугите кои ги дава и ги нуди. ISO 9001:2008 е меѓународен консензус на добри практики за правилно управување со квалитет, се состои од стандарди и прирачници во врска со системите за управување со квалитет и соодветните стандарди за поддршка.

Очекувани придобивки од воведувањето на стандардот покрај зголемување на нивото на задоволство на корисниците на услугите и на вработените, се и подобрена изведба на услугите со стекнување на деловната доверба кај постоечките или потенцијалните корисници.