петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 18

Царината поднела 4 кривични пријави во декември

carinaaa

Последни вести

Царинската управа во декември минатата година поднела четири кривилни пријави до надлежните јавни обвинителства.

Кривичните пријави, соопшти денеска Царинската управа, се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „криумчарење“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

Две кривични пријави, до Основното јавно обвинителство во Скопје, се поднесени против две физички лица за сторено кривично дело „криумчарење“.

Една кривична пријава, се појаснува во соопштението, е поднесена против македонски државјанин за обид за криумчарење златен накит и златни монети, со вкупна маса од 2,73 килограми и вредност од над 3 милиони денари. На 26.11.2015 година, при вршење на длабинска контрола мобилните царински тимови, во близина на Скопје, сопреле за царинска контрола турски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, со кој патувал осомничениот како кондуктер. Автобусот бил проследен до царинската испостава Скопје 4, каде била извршена детална контрола, при што во специјално направен бункер  до кој се доаѓа преку багажниот простор од автобусот, во шуплина на подот затворена со метален поклопец биле пронајдени вкупно 19 најлонски пакетчиња облепени со кафена леплива лента, со златен накит (обетки, нараквици, ланчиња прстени и приврзоци) со втиснат жиг со број 585 со  тежина од околу 2445 грама и 1 најлонско пакетче облепено со  кафена леплива лента со 40 златни монети со  тежина од околу 285 грама.

Кривична пријава е поднесена против македонски државјанин за обид за криумчарење на разна стока (лекови, парфеми, тоалетни води, балони и компресор) со вкупна вредност од над 700 илјади денари. На 04.12.2015 година, на патниот правец Скопје-Куманово, во близина на патарината Миладиновци, мобилните царински тимови сопреле за царинска контрола турски автобус што сообраќал на релација Истанбул – Пеќ, управуван од осомничениот. Автобусот бил проследен до царинската испостава Скопје 4, каде била извршена детална контрола, при што во повеќе фабрички празнини биле пронајдени 507 пакувања различни лекови, 120 парфеми, 65 тоалетни води, 5.000 балони и 1 компресор.

Како што соопшти Царинската управа кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена и против албански државјанин,  заради обид за криумчарење на околу 3,8 килограми марихуана. На 22.12.2015 година, на граничниот премин Табановце автопат, за излез од Република Македонија се пријавил албански автомобил, управуван од осомничениот. При контрола на автомобилот, во задниот браник како и во два бункери кои се наоѓале од двете страни по должина на целото возило, биле пронајдени вкупно три најлонски пакувања обвиткани со проѕирен најлон, индиго и проѕирна леплива лента, наполнети со непозната растителна материја со зеленкаста боја, која на тестер за дрога покажала присуство на марихуана. По извршено вештачење во Одделот за криминалистичка техника, при МВР, утврдено е дека непознатата растителна материја преставува марихуана со вкупна тежина од 3831,2 грама. Пријавениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот Суд Куманово кој му одреди мерка притвор.

До Основното јавно обвинителство во Струмица поднесена е кривична пријава и против правно лице од Струмица и неговото одговорно лице, странски државјанин, поради обид за увоз на производи што се предмет на заштита на правата од индустриска сопственост, со намера да измамат купувачи.

Пријавените, на 04.05.2015 година, на царинската испостава Скопје 1 пријавиле за увозно царинење разна стока со потекло од Турција. При извршениот преглед на стоката, царинските службеници откриле 205 маици со ознаки на заштитена трговска марка.

Царинската управа, се посочува во соопштението, постапувајќи по своите законски надлежности, привремено ја задржала предметната стока, за која носителите на правата на интелектуална сопственост се изјасниле дека ги повредува нивните права од интелектуална сопственост.

Најчитани вести