четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Царината поднесе 12 кривични пријави во октомври

Царинската управа на Република Македонија, постапувајќи по констатирани неправилности, минатиот месец до надлежните јавни обвинителства поднела 12 кривични пријави против пет правни и 12 физички лица.

пријави

Поврзани вести

За „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ е поднесена кривична пријава против Џ.А., Г.А. и З.Л., државјани на  Албанија, кај кои во одделни случаи е пронајдена марихуана со различна количина,  како и против македонскиот државјанин Е.М., исто така поради марихуана.

Царината поднела пријави и за „криумчарење“ против македонските државјани, Н.Ј.Т., која не пријавила за царинење прстен во вредност од 198.630 денари, и против О.Ј., кој во камионот што го возел сакал да превезе  непријавена стока во вредност од 1.362.667 денари.

За  „недозволено пренесување акцизно добро односно стока или користење акцизна дозвола или одобрение“ Царината  поднела кривична пријава против А.Ќ., државјанин на Македонија, за криумчарење 850 штеки цигари од марката „MonteCarlo“ и 400 штеки „Benton“, кој сакал да избегне давачки 872.840 денари.

Пет кривични пријави се поднесени за  „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ против една фирма од Тетово и една од Струга, три фирми од Скопје, и против одговорните лице во тие фирми. Кај нив во одделни случаи се откриени 890 парчиња балони од фолија, 160 парчиња детски играчки и 170 заштитни стакла (тач скрин),  84 пара спортски обувки, 1.700 привезоци за клучеви, 598 фудбалски топки и 1.248 детски играчки, сите производи со ознаки на заштитени трговски марки.

Најчитани вести