Царината успешно го имплементира концептот Интегрирана тарифна околина

Ефикасно работење на економските оператори преку обезбедување побрз, полесен и потранспарентен пристпат до информации, како и подобра услуга, е само една од придобивките на бизнис концептот Интегрирана тарифна околина (ИТО) што го имплементира Царинската управа на Република Македонија, пренесува МИА.

Воведувањето ИТО на национално ниво што подразбира групирање на сите податоци за увозните, извозните и транзитените постапки во повеќе компјутерски системи за внатрешна размена на информации меѓу ЕК и земјите членки на ЕУ, е услов за пристапување во ЕУ зашто овозможува приближување до заедничкиот европски пазар и Царинската унија.

– Извештајот на ЕК потврди дека во Македонија е направен значаен исчекор во однос на царинското законодавство, оперативниот и административниот капацитет на Царината. Но, оперативнот капацитет во голема мера зависи од поврзувањето со комјутеризираните системи на ЕУ. Затоа е неопходно да се обезбеди целосна компатибилност и интероперабилност меѓу ИТ системите на нашата Царинска управа и соодветните ИТ системи на Царината на ЕУ, рече директорката на Царинската управа на РМ Наташа Радевска Крстевска.

Според неа, пред пристапот во ЕУ, на економските оператори електронски ќе им бидат достапни информациите за царинските давачки, националниот ДДВ, акцизата и нетарифните мерки како што се ограничувањата при увозот и извозот, дозволите и одобренијата.

– По пристапувањето во ЕУ, унифицираната примена на царинските мерки од сите земји-членки ќе овозможи поголема транспарентност и поразбирливи информации, централизирано распределување на квоти, одржување и проверка на системот од страна на ЕУ, поголема ефикасност во севкупното царинско работење, заштита на економијата, надгледување на увозот и извозот, одржување точни и ажурирани податоци автоматско пресметување на царинските давачки, посочи Радевска Крстевска.

Поздравувајќи го успешното реализирање на двата проекта за ИТО во Царинската управа, евроамбасадорот Аиво Орав напомена дека царинските служби во сите земји-членки на ЕУ мора да дејствуваат како едно. Тоа е и целта на Царинската унија – фер трговија, заштита на потрошувачите од опасни поризводи и зачувување на бизнисите од нефер и нелегални практики.

Сепак, според Орав, придобивките од ИТО ќе се почувствуваат дури откако земјата ќе стане дел од ЕУ. Но, дотогоаш, националните економски оператори ќе можат да добиваат он-лајн инфрмации, да ги идентификуваат давачките и потребните документи.

– Царинските админстрации се соочуваат со многу предизвици. Мора да осигураат постојан проток на стоки, применувајќи ги притоа неопходните контроли. Контролите, пак, мора да се модернизираат, а крајната цел е функционирање на царината како современ партнер одговорен за заштита на фискалните интереси на земјата, подвлече Орав.

Според него, информациските системи се клучна карактеристика на модерните царински операции. – ИТ системите ги поставуваат основите за создавање средина без хартија за царината и трговија која понатаму ќе овозможи полесни постапки за трговците, рече евроамбасадорот.

Модерната ефективна и меѓусебно поврзана царинска админситрација, укажа, е важно средство за економијата на ЕУ во насока на зголемување на нејзината конкурентност на глобалниот пазар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.