Царината заплени 13.000 евра на Табановце

Царината запленила 13.000 евра на граничниот премин Табановце при претрес на личниот багаж на турски државјанин. Во рачна ташна цариниците откриле 23.000 евра за кои сопственикот не поседувал потврда за внесување издадена од царинските органи на Република Македонија при влез во државата. Вратени му се 10.000 евра, износ што странски државјанин може слободно да го изнесе од државата.
Царинските службеници во текот на минатата недела и викендот откриле две царински измами и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се запленети девизи, автоделови, црево за подно греење, облека, регистарски таблички и лагери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.