Царината заплени 188.000 евра и 6 килограми марихуана на „Блаце“

Царинските службеници вчера, во два одвоени случаи на гранчниот премин „Блаце“ спречија обид за шверц на 188 илјади евра и 6 килограми марихуана.

Во првиот случај, при контрола на патничко моторно возило со скопски регистерски ознаки, пријавено за излез од Република Македонија, кај македонска државјанка со иницијали  М.Е. пронајдени се непријавени 190.000 евра. Непријавените девизи пронајдени се  во лична торба што се наоѓала на совозачкото седиште, спакувани во најлонска кеса,. Согласно Законот за девизно работење, 2 илјади евра се вратени на лицето, а останатите 188 илјади привремено  се задржани.

Во вториот случај, истиот ден  околу 12 часот на пладне, на граничниот премин „Блаце“ за влез во Македонија пристигна патничко возило „опел астра“ со германски регистарски таблици, управувано од лицето В.Б (42 ), во кое како сопатник патувало и А.Ф. (28) двајцата државјани на Република Германија. Возилото било селектирано за  контрола, а при  преглед употребени се и царински кучиња кои индицираа присуство на дрога со гребење на внатрешноста на задните седишта под тапацирот. При прегледот на возилото,  со отстранување на тапацирот од задното седиште, во фабричките шуплини  пронајдени се седум  паковки и тоа три од левата страна и четири од десната стрaна на возилото, наполнети со растителна материја со зелена боја и облепени со проѕирна селотејп трака, која што на тестер за наркотици НИК покажа индикации дека се работи за наркотична дрога-марихуана.

Вредноста на запленетата опојна дрога на западно европскиот нарко пазар се проценува на околу 20.000 евра.

devizi blace 3

7

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.