Царината заплени 31 фустан

Царинската управа во неделниот извештај информира дека запленила повеќе производи на граничните премини во неколку различни случаи.

Имено, оваа недела во багажот на турски државјанин пронајдени се 31 женски фустан, запеленети се и 1.200 парчиња стаклени чаши, 12 илјади таблети Spirulina Nigrita, 61 дизна за дизел мотор, 1 гасен пиштол марка Walther P99, со калибар од 9 mm, и 10 парчиња муниција за истиот, 428 парчиња блузи и 82 парчиња долна облека од Бугарија, 530 парчиња женски марами од турско производство, како и 122 готови текстилни производи, односно долна облека и јакни и 30 детски торби.

Cigari,Bogorodica 2

Оваа недела царината запленила и 43 штеки на цигари во два одвоени случаи на граничниот премин Богородица.

Исто така, во минатонеделниот извештај, Царинската Управа соопштува дека се запланети и скоро 30 грама марихуана кај француски државјани на граничниот премин Деве Баир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.