Царината заплени девизи, делови за покер апарати, телевизори и облека

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење на девизи, батерии, делови за покер апарати, делови за товарни возила, телевизори, облека, обувки, козметички средства, дестилирана масна киселина и фалсификати.

Задржани се 5.000 евра, откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата.  6.720 батерии од 1.5 волти, откриени се од страна на мобилните царински тимови, при контрола на разна стока со потекло од Кина.  110 делови за покер апарати (матични плочи, комуникатори и кабли), откриени се на граничниот премин Делчево. 18 делови за товарни возила (филтри, диск, плочки и федер за кочници, лагери, дихтунзи и  друго), откриени се на граничниот премин Дојран.  Пет  употребувани „LCD“ и плазма телевизори, од марките Sony, Samsung и AOC, откриени се на граничниот премин Дојран.

Исто така, на скопскиот аеродром Александар Велики запленети се и 167 готови текстилни производи  и 25 пара обувки, откриени при контрола на патните торби на британски државјанин, со потекло од Србија, кој допатувал со лет од Лондон. На  граничниот премин Ќафасан откриени се 4.480 килограми дестилирана масна киселина, откриени, при контрола на празна цистерна со српски регистарски таблички, управувана од српски државјанин, пријавена за влез во државата.