Царината заплени над 3.900 „фалц“ играчки и обувки

Над 3.900 парчиња фалсификат играчки и обувки со ознаки на познати брендови се откриени и запленти во три одвоени случаи од мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина, а кои ги увезле фирми од Скопје.

Во првиот случај Царината открила 2.225 пара детски обувки од познат бренд, за кои постои сомневање дека се фалсификувани.

Falsifikat tasnicki, Gevgelija

Пазарната вредност на обувките е проценета на околу 2,2 милиони денари.

Во другите два случаи, при контрола на стока пријавена за увозно царинење на царинската испостава Гевелија, откриени се во еден случај 350 сетови и 1.299 разни играчки (колички на акумулатор, детски ранчиња, кукли и др.), чија пазарна вредност е проценета на околу 490 илјади денари, а во друг случај 35 детски трицикли, чија пазарна вредност е проценета на околу 44 илјади денари.

Falsifikat kolicki,mobilna

На граничниот премин „Богородица“ запленети се 920 машки блузи со ознаки на познат бренд кои вредат околу 1,4 милиони денари. На царинска испостава во Скопје откриени се 320 пара очила со потекло од Бугарија, а чија вредност се проценува на околу 980 илјади денари.

Шестотини детски ташнички со ознаки на познат бренд со потекло од Кина, а наменети за увозник од Кавадарци се запленети на царинската испостава во Гевгелија. Пазарната вредност на сомнителната стока е проценета на околу 820 илјади денари.

Стоката за која постои сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост привремено е задржана и отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост.