Македонија,Крими хроника

Царината заплени златен накит на Табановце

Царината заплени златен накит на Табановце

Царината вчера на граничниот премин Табановце заплени 700 грама златен накит во автомобил со српски таблички.

Имено, на преминот Табановце за излез се пријавило возило „Фиат“ упраувувано од лицето З.К., српски државјанин, со кој патувало и лицето И.М., исто така српски државјанин. На прашањето на царинските службеници дали имаат нешто да пријават тие одговориле дека немаат, но при преглед на возилото во фабричка шуплна цариниците пронајшле две најлонски опаковки од кои во едната залепена со  кафена селотејп трака пронајдени се 110 парчиња златен накит меѓу кои прстени, ланчиња, нараквици, обетки, привезоци и златни медалјони со вкупна тежина од околу 662,6 грама,  додека во втората пронајдени се 1 парче Drive Box Activator-Deactivator  8 парчиња калауз клучеви.

Осомничените златото го набавиле во Грција, од лице –  српски државјанин,  кое живее и работи во Солун, со намера да го продаваат во Република Србија. Сe договориле да му пренесат и 8 калауз клучеви и еден деактиватор, со цел за таа услуга да им ја намали цената на златото. Вредноста на непријавениот златен накит изнесува 1.225.810 денари.

Одделението за истраги при Царинската управа на Република Македонија по документирањето на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази поднесе кривична пријава против осомничените.