Цариниците спречија шверц на 115 килограми режан тутун

Цариниците од граничниот премин Табановце синоќа пред полноќ спречија обид за шверц на 115 килограми режан тутун.

На излез од Македонија на граничниот премин Табановце синоќа пристигнало празно товарно возило со српски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Г.Ј.

Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и товарниот дел, при што во кабината под креветот се пронајдени 115 паковки од по 1 килограм режан тутун. Стоката е привремено одземена, а против сторителот е почната соодветна постапка, соопшти Царинската управа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.