Цариниците запленија 14 килограми марихуана

Царинските службеници вчера заплениле 14 килограми марихуана на граничниот премин Делчево.

Околу 17.00 часот, за излез од земјава се пријавило патничко возило марка „ауди“ со македонски таблички, управувано од Д.Б., придружувано од уште две лица со иницијали М.М. и К.А., сите државјани на Македонија.

2

Иако на прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола лицата одговориле негативно, царинските службеници пристапиле кон детална контрола на возилото.

3

Притоа, во празниот фабрички простор на подот во целата должина од возилото, поточно под патосниците и лимот на подот од возилото, пронајдени се вкупно 28  паковки со различна големина, обвиткани со пластична фолија и облепени со самолеплива трака наполнети со марихуана.

4

Лицата и дрогата се предадени на царинските инспектори од Одделението за истраги за понатамошна истрага. По извршено вештачење во МВР Оддел за крим-техника, потврдено е дека растителната материја преставува опојна дрога – марихуана, со вкупна тежина од 14.050 грама.

5

Против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.