Царинската управа доби опрема вредна 52,5 илјади американски долари

Станува збор за опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници и значително придонесува за остварување на добри резултати во борбата против прекуграничниот криминал, со оглед дека софистицирана и модерна опрема е од примарно значење за засилување на оперативните и институционалните капацитети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет во  откривање и  спречување на недозволена трговија и заштита на границите.

Во изминатите десетина години преку Програмата EXBS, на Царинската управа Aмбасадата на САД ѝ донираше оперативна опрема во вредност од околу 2 милиони американски долари, заедно со обуки за користење на истата, кои имаат за цел да го унапредат целокупното царинско работење и да придонесат за  постигнување на подобри резултати, во насока на олеснување на меѓународната трговија и безбедноста на општеството.

carina-2oprema

Имено, од почетокот на 2016 година до сега, со помош на  опремата донирана во рамките на  Програмата EXBS, царинските службеници меѓудругото пронајдоа и запленија 4.536 парчиња разни лекови, 25.000 евра, 28 кг марихуана, 60 мл масло од канабис, 24.700 парчиња цигари и 114 кг тутун.