Царинските приходи растат

За ваквите податоци денеска беше информиран министерот за финансии Кирил Миноски при посетата на Царинската управа, каде оствари средба со директорката на оваа институција Наташа Радеска-Крстевска.

На средбите беше информиран дека овој месец ќе започнат градежните работи на граничниот премин Табановце што треба да завршат до крајот на 2017 година, додека градежните работи на ГП Ќафасан треба да започнат во 2017 година, а да завршат во вториот квартал од 2018 година.

Проектите за Надградба на објектите за царинење на граничните премини Табановце и Ќафасан  се дел од програмата на Владата на Република Македонија, а нивната реализација значително ќе ја подобри инфраструктурата на двата премини и ќе ја зголеми пропусната моќ на премините, ќе го намали времето потребно за вршење на граничните формалности и ќе овозможи примена на современи средства за инспекција, со што ќе се забрза и олесни стоковата размена, а воедно ќе се олесни и забрза транспортот долж Пан-европските коридори 8 и 10.

Средбата како што информира Царинската управа, е искористена и за посета на централизираниот  систем за видео надзор над царинските испостави, како една од посoфистицираните алатки за превенција и борба против шверц и корупција.

Пред министерот, како што додаваат во соопштението, е презентирана и запленетата марихуана во две акции во изминатата недела. На 1 октомври на ГП Табановце, царинските службеници спречија обид за шверц на 26 килограми марихуана, а неколку дена пред тоа на 28-ми овој месец на ГП Блато спречен беше шверц на 12 килограми марихуана. Дел од запленетата марихуана беше презентирана пред министерот.

Министерот и директорката се согласија дека успесите во работата не се случајни туку резултат на повеќегодишна, фокусирана, трпелива и тимска работа при што ја истакнаа заложбата  за понатамошна успешна соработка во насока на натамошно поедноставување на царинските постапки, зголемување на конкурентноста на домашната економија и намалување на трошоците на економските оператори.