Царовска 10 години работела за невладина која бараше рушење на оградата на АРМ на границата

Царовска од ХЕРА добила 1.415.105 денари или околу 23.000 евра. Само во 2014 година добила 823.000 денари, односно 1.100 евра била месечната плата на Царовска во невладината организација.

Во 2015 година пак, добила 592.000 денари, а работниот однос и траел до 16.11.2015 година, бидејќи тогаш станува специјален советник на техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски. Царовска во ХЕРА работела 10 години, од каде според овие парични износи може да се виде дека убаво печалела.

Во отвореното писмо потпишано од низа соросови организации во земјава бараа да се отстрани бодликавата ограда од границата и мигрантите непречено да можат да влегуваат во земјава.

-Ние, борците за слобода, еднаквост и човекови права, заштита на природата и заштита на животните, јавно го креваме својот глас и кажуваме НЕ! на оградата од бодликава жица! Доколку оградата опстои, заштитата на луѓето на кои им е потребна ќе се смета за нелегална. Илјадници луѓе ќе останат заглавени на границите, и во отсуство на легални патеки, сѐ почесто ќе посегнуваат по опасни и нелегални алтернативи, што ќе предизвика уште смртни случаи. Бараме оградата да се сруши! Бараме да се прекине со сегрегациски и дискриминаторски практики кои незаконски ги спречуваат луѓето заглавени на границите да бараат азил по безбеден пат, стоеше во отвореното писмо на 16 НВО организации меѓу кои и ХЕРА, на која координатор беше Царовска.

Отвореното писмо е потпишано од: Младинска организација „Мугра”, Здружение Студентска организација ИЗЛЕЗ Скопје, „Анима Мунди“ здружение за заштита на животни „Глас за животните“, здружение за заштита на животни од Велес „Animal World”, здружение за заштита на животни од Струга „Ејнџелкетс“, прифатилиште за мачки Скопје „ХЕРА“ – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Здужение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје „Чист Охрид“, неформална еколошка организација од Охрид „Легис“, асоцијација за промоција и одржување на културни и спиритуални вредности „Плоштад Слобода“ – Скопје, Здружение за уметност, теорија и активизам „Субверзивен Фронт“, Здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ Активистите од „Автономниот Културно Социјален Центар“ Работна група „Солидарност за мобилност“ на Левичарското движење „Солидарност“.

Инаку, Невладината ХЕРА исто така е финансирана од Соросовата фондација „Отворено општество“.

Стратегијата за мигранти ја демантира Царовска, документот предвидува најмалку 100 згради за мигрантите целосно покриени од Буџетот на РМ

Документот од Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027, ја демантираше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која денеска изјави дека во Македонија нема да се градат згради за бегалци.

Во самата стратегија која е предложена од Владата на СДСМ и Зоран Заев и Министерството на Царовска стои дека до крајот на годината предвидено е почнување на 71 проект.

Во секторот „Домување“ се вели дека треба „да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социјални станови“. Очекувањата на Владата и Министерството се „Достапни локации за изградба на социјални станови“.

Од општините се бара  „барем 100 единици – локации да станат достапни“, а иако не е одредено колкав ќе биде, буџетот се предвидува а биде обезбеден од државата и да биде 100 процентен.

Царовска, минатиот месец истакна дека Министерството и Владата целосно стојат зад овој документ.

Денеска Царовска изјави дека нема да се градат социјални станови за мигранти и бегалци, но самата нацрт-стратегија ја демантира.

СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТ: Заев и Царовска масовно ќе доселат мигранти во Македонија, ќе им даваат државјанства, вработување, станови и куќи

Владата на Зоран Заев преку министерката Мила Царовска подготвува стратегија за масовно доселување на мигранти во Македонија следниве 10 години.

Документот на МТСП е наречен „Предлог нацрт стратегија за интеграција на бегалци и странци ‎2017 – 2027 година, како и Акциски план ‎2017 – 2027“.

Документот предвидува масовно давање на државјанства на мигрантите, семејно обединување со тоа што секој мигрант ќе може да го донесе целото свое семејство, кое понатаму забрзано ќе добие државјанство, нивно вработување и нивно сместување по станови и куќи низ цела Македонија.

Според МТСП, стратегија ќе го „стесни“ фокусот на интеграцијата и ќе ги претстави стратешките цели низ четирите главни области – домување, образование, вработување и стекнување државјанство, додека прашањата поврзани со подобрувањето на системот за интеграција или мерките насочени кон раната интеграција ќе треба да се протегаат низ сите области.

Стратешките препораки вклучуваат: Подобрување на пристапот до стекнување државјанство и поврзување со проактивниот ангажман за интеграција, Олеснување на процедурите за семејно обединување како поддршка за процесот на интеграција, Намалување на честотата на ревидирање на поддршката за одржливост на процесот на интеграција, Проширување на поддршката за интеграција на бегалците кои стекнале државјанство или дозвола за привремен и постојан престој, се вели во Стратегијата.