Магазин

Спектакл во Стара Чршија – одење по жица на 12 метри височина

Спектакл во Стара Чршија – одење по жица на 12 метри височина
Старата Скопска Чаршија вечерва ќе дише во ритамот на атрактивни акробатски и музички точки од 19 па се до 2 часот по полноќ.
Пред црквата Св. Спас кај пивницата „Стар Град“ ќе биде поставено плато каде што ќе се одржуваат точките, а главна атракција е одењето по жица на англичанецот Крис Бул. Тој ќе оди по жица висока 12 метри без никаква заштитна подлога на земјата.
Иако оваа точка е многу опасна, сепак за акробатот ова е само рутина.

Крис стекна светска слава минатата година кога со својата тогашна девојка, сега веќе сопруга свадбената церемонија ја изведоа одејќи по жица. Медиумите од целиот свет известуваа за оваа несекојдневна свадба, единствена од ваков тип на светот.


chris-bull

Покрај атрактивниот акробат на жица, предвидени се уште неколку точки од светски баскер изведувачи. Еве ја целосната програма за вечерната скопска улична атракција:

19:00 Carota Payaso
20:00 Mostacho
20:30 Denda Yorge Martin
21:00 Parkur
22:00 Chris Bull ( одење по жица на 12 метри височина)
22:30 Golden Branch ( fire show)
23:00
Барбароса – Самба сензација со удирачки инструменти
00:00 Nina Janeva & 2 Exit
02:00 Dj Tina