Спорт

Чави како да играл некој друг натпревар

Чави како да играл некој друг натпревар

Иако неговиот тим беше надигран во сите 90 минути, стандардниот првотимец во дресот на Барселона, Чави Хернадез е убеден дека актуелниот шампион на Шпанија не заслужи да биде елиминиран во 1/4 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

“Не знам дали Атлетико Мадрид заслужи пласман во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони. И ние имавме неколку чисти шанси и во првото и во второто полувреме. Малку фалеше да постигнеме израмнувачки погодок. Според мене, Барселона не заслужи да биде поразена, заслуживме најмалку реми. Овој натпревар мораше да заврши 1:1, а потоа да се играат и две продолженија од по 15 минути”, изјави искусниот играч за врска.