Цеца е на црната листа на Американците за непожелни лица?

Според неофицијални информации, Цеца на листата на непожелни се наоѓа од 2003 година кога беше уапсена во акцијата „Сабја“ и во амбасадата на САД е заведена под шифрата 410 која означува „тероризам и терористички групи“. Се додека е така, таа нема да може да добие виза за САД.

„Во 2012 година побарав виза за САД, бидејќи имав закажан турнеја, но ме одбија без објаснување. Слушнав подоцна дека во амбасадата ме водат како терорист. Верувам дека станува збор за грешка која ќе биде исправена,“ изјави Цеца за Информер.

Пејачката исто така истакнува дека поради акцијата „Сабја“ во текот на која беше уапсена, сега е на листата на непожелни во САД.

„Слушнав се и сешто, но мислам дека на оваа листа сум по налог на еден моќен политичар поради кој во 2003 бев и уапсена. Во секој случај пред „Сабја“ немав проблем со добивање на американска виза. Неколкупати патував таму и се беше во ред, се додека некој не се сети на тој начин да ми се освети,“ изјави Цеца