Цеца: Знам како е да имаш, па да немаш (ВИДЕО)

Знам како е да имаш па да немаш, вели српската фолкерка Светлана Цеца Ражнатовиќ во интервју за српската телевизија, во кое признава дека тоа се однесува и на периодот по смртта на нејзиниот сопруг Жељко Ражнатовиќ.

Јас имав огромни амплитуди животни и приватни. Ние живеевме среќно и кога имавме и кога немавме, а и тоа дури ни се случуваше. Сетоа тоа е животот и денешниот ден е ден за себе, утре се случува нешто друго и никогаш не знаете што носи денот, што носи ноќта. Така и ги одгледував децата. Второ и тие како и сите останати деца имаат свои бубачки, тоа е нормално, го поминавме и ние, вели Цеца.

Инаку Цеца во интервјуто вели дека е горда на тоа што нејзината ќерка Анстасија стана промотор на светска модна линија за Србија.

Анастасија е промотор на овој бренд заедно со Жељко и Јована Јоксимовиќ, како и со ќерката на Весна Змијанац, Николија.