Цеца издвои 5.000 евра за одмор во Тајланд

Светлана Цеца Ражнатовиќ отпатува во Тајланд. Таа таму планира да одмара 15-тина дена, но и да сними спот за песна од последниот албум.

Цеца овој пат отпатува со пријател, а нејзините деца останаа во Белград, пишуваат српските медиуми.

Пејачката најави дека планира да се одмори по напорната година, но не сакаше да открие каде ќе отпатува. Како што пишува српски „Блиц“, пред крајот на престојотво Тајланд таа ќе сними и спот за една од песните на албумот „Позив“.

-Нашите ѕвезди обично одат во Пукет, но Цеца одбра да оди во Ко Самуи, кое се наоѓа на другата страна на Тајланд. Таму ќе остане две недели. Децата овој пат нема да одат со неа, туку најдобриот пријател. Хотелот го одбра според својот вкус и го избра најдобриот, вели еден од блиските пријатели на Цеца кој е добро упатен во нејзините планови.

А колку пари издвоила фолк ѕвездата за ова патување? Цената на полн пансион во хотелот со 5 ѕвездички, каде таа ќе биде сместена изнесува 270 евра за еден ден, што вкупно ќе биде 3.780 евра. Ако на тоа се додаде цената за повратен авионски билет од 1.200 евра и визата за летување, тоа значи дека таа издвоила 5.000 евра за одмор.

Фото: Бета