Цеца ќе донира за жителите од поплавените подрачја во Скопје

Македонска Каменица веќе ги најави концертните настапи на балканските мега ѕвезди Цеца и Мирослав Илиќ. Подготовките за големиот музички спектакл веќе финишираат и се работи на последните детали околу организацијата и подобар пречек на посетителите. Поставена е огромна сцена, врвнo озвучување и осветлување, а според досега покажаниот интерес се очекуваат околу 50.000 гости за трите вечери.

Концертот на Мирослав Илиќ е на 26-ти август, а пред него ќе настапи локалниот бенд Риплеј. Втората вечер ќе настапат македонските изведувачи Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Сузана Гавазова, Драган Мијалковски и српскиот состав Funktastic Coalition. Спектакуларниот концерт на балканската дива ЦЕЦА е закажан за 28-ми август, а пред неа атмосферата ќе ја загрева македонкиот Инструментал бенд.

Цеца на нејзината официјална фејсбук страна веќе потврди дека дел од хонорарот кој ќе го добие за концертот во Македонска Каменица, ќе биде дониран за жителите во поплавените подрачја во Скопје.

ceca

miroslav-ilic

Од организацијаторите на концертите оваа информација е потврдена и упатуваат апел до сите македонски изведувачи и продукциски куќи да го следат примерот на Цеца и дел од хонорите и приходите да ги донираат во хуманитарни цели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.