Цеца ќе го тужи Војин, синот на Аркан

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ одлучи да поднесе тужба против Војин, синот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, поради навреда, закана и провокација, која ја пласирал на друштвените мрежи, пишува српски „Блиц“.

Информацијата за поднесувањето тужба ја потврдил и адвокатот на Цеца, Денис Беричиќ.

За потсетување, пред секој голем концерт на Цеца, на друштвените мрежи се појавува страница преку која се повикува на бојкот на пејачката, на која се изнесуваат разни навреди на нејзина сметка. Најлошо од се е што зад сето тоа стојат некоку луѓе, а на нејзините концерти доаѓаат десетици илјади фанови.