Цеца на свадба: Одам кај Бране Мичуновиќ со децата и нивните партнери

Меѓу 750-те гости на свадбата на ќерката на црногорскиот бизнисмен, Бране Мичучовиќ е и Светлана Цеца Ражнатовиќ, која на прославата ќе оди во придружба на ќерката, синот, но и децата на Ѕвездан Терзиќ.

-Моите Вељко и Анастасија и децата на Ѕвездан Терзиќ се поканети на свадбата, така што сите заедно ќе бидеме гости на нашиот драг Бране Мичуновиќ, нашиот повеќегодишен семеен пријатл, вели Цеца.

kostadin-i-anastasija-1397855289-482401

Иако патуваат во својство на гости на гала веселбата на црногорскиот бизнисмен, чија ќерка Андреа се мажи за Милош Кустидиќ, фолк ѕвездата ќе го фати микрофонот кога за тоа ќе пројават желба домаќинот или младенците.

-Свесна сум дека на веселбите секогаш има желба да отпеам некоја песна. Среќна сум што како пејачка можам да предизвикам убави емоции, вели Цеца.

veljko-raznatovic-masa-terzic-foto-marina-lopicic-1424734771-619624

Инаку, нејзините и децата на Терзиќ, кои се во љубовна врска, минатото лето, интензивно се дружеа на Јадранот со наследниците на Мичуновиќ.