среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 42

Цеца откри со што ќе се занимава Анастасија

Ќерката на Цеца Анастасија Ражнатовиќ пред два дена наполни 18 години, а познатата српска фолкерка не крие дека би сакала нејзината миленичка да заплови во музичките води.

ceca1

Поврзани вести

Ќерката на Цеца Анастасија Ражнатовиќ пред два дена наполни 18 години, а познатата српска фолкерка не крие дека би сакала нејзината миленичка да заплови во музичките води.

Не е тајна дека Анастасија ги отпеа пратечките вокали на албумот на Цеца што наскоро треба да излезе, а како што вели пејачката, се поминало во најдобар ред.

Анастасија за прв пат беше гостинка на мојот албум, ги пееше пратечките вокали, а јас сум многу среќна поради тоа. Искрено, сакам да ја воведам во светот на музиката, затоа што ми е жал таков талент да пропадне, но сепак таа ќе го каже последниот збор. Никогаш не би ја присилувала да прави нешто што не сака. Ниту едното, ниту другото дете. Јас сум некој што е остварен како личност и ги пуштам сами да го изберат својот пат, призна Цеца и додаде дека Анастасија немала трема кога влегла во глува соба за да го отпее нејзиниот дел.

Таа нема трема од мене, има само одговорност затоа што јас постигнав огромен успех на естрадата. Девојката е целосно природна, сака да има сопствен идентитет што е нормално, раскажуваше Цеца во една емисија.

Останува да видиме дали Анастасија ќе тргне по стапките на нејзината мајка.

Најчитани вести