Цеца го платила лекувањето на Исидора Бјелица

Фолкерката Цеца го платила лекувањето на Исидора Бјелица во Швајцарија, се со цел нејзината долгогодишна пријателка да се избори со тешката болест.

Светлана Цеца Ражнатович прави се за да и помогне на нејзината другарка Исидора Бјелица да го победи ракот. Имено, фолкерката ги платила сите скапи терапии што се неопходни за состојбата на писателката да се подобри.

Покрај тоа, Цеца се молеше и за нејзино здравје неодамна во манастирот Раиновац во Гроцка, кога беше организирана и донаторска вечера, на која присуствуваа голем број познати личности.

Цеца и Исидора се долгогодишни пријателки. Се сакаат и се почитуваат и Цеца многу ја погоди кога случна за трагичната судбина на писателката. Тие често се гледаат, а Исидора неодамна со ќерката Вила беше гостинка кај пејачката. Сеца вети дека ќе ги перземе сите трошоци врзани за терапијата што Бјелица ја прима, вели добро известен извор за српски „Курир“.

Исидора Бјелица одбива да дава коментари за нејзината здравствена состојба.

Мојата здравствена состојба е деликатна, неможам да давам изјави, се обидувам да преживеам, порача кратко Бјелица.

Од друга страна, фолкерката несакала да ги коментира деталите врзани за нејзината помош, но порачала дека во секој случај е заедно со пријателката.

Со Исидора сме пријателки, таа беше со мене кога ми беше тешко, сега јас сум со неа и ќе бидам се додека и биде потребно, изјавила Цеца.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.