Цеца раскина со дечкото – Еве ја причината

Светлана Цеца Ражнатовиќ и шеснаесет години помладиот манекен Александар Јововиќ беа во врска една година, но Цеца одлучи да ја прекине оваа романса.

Според добро запознаените извори, тие веќе не можеле да се борат со притисокот од медиумите поради разликата во години, а сето тоа кулминирало откако нивната љубовна приказна стигнала во јавноста.

Откако се дозна дека се заедно, Цеца и Александар три пати раскинуваа. На 8-ми март се обидоа да престанат да се гледаат, но на врската и дадоа уште една шанса, иако и тоа беше безуспешно. Двајцата сфатија дека врската нема иднина и дека е најдобро да се разделат. Тие немаа кавги, но престанаа да уживаат како претходно кога за нив никој не знаеше. Веќе не можеа да бидат релаксирани и се договорија поради се убаво што доживеаја заедно да ги зачуваат спомените и секој да тргне по својот пат, изјави извор близок до двојката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.