Цеца: Сакам да се омажам на плажата Плава лагуна

Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека сака повторно да се омажи, но и опишала како ја замислува венчавката.

„Замислувам како сето тоа се случува на плажата лагуна. Тоа би било патување за десетина најблиски луѓе, да речеме на седум дена,“ изјави пејачката.

Низ смеа додаде дека не е баш сигурна, младоженецот да се сложи на тоа.

„Нормално, ова е само моја желба, а под знак прашање е дали младоженецот со тоа се сложува,“ изјави таа за магазинот „Венчање“.