Цеца спасувала повредени во сообраќајка: Не сум херој, реагирав човечки

Според српските медиуми, ноќеска околу три часот по полноќ се случила тешка сообраќајка во близина на стадионот на Црвена Ѕвезда во Белград. Во незгодата биле повредени три лица, а прва на помош им притрчала популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ која се разбудила од ударот. Таа повикала брза помош и веднаш излегла на улица да помага колку може.

„На мојот повик Брзата помош и полицијата веднаш дојдоа. Дојдоа и пожарникари. Се’ се случи за само неколку минути. Не го сметам тоа, за како што велите вие херојско дело, бидејќи јас само реагирав човечки“, изјавила популарната пејачка за „Стори.рс“.

Сообраќајката се случила откако Фолксваген поло удрил во бандера покрај патот. По силниот удар, луѓето кои живеат во околината истрчале да видат што се случило.

Медиуми јавија дека повредените, за среќа, не се во животна опасност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.