Цеца во „Зона Замфирова 2“

Светланата Цеца Ражњатовиќ ќе ја отпее насловната песна на продолжението на „Зона Замфирова“, а нејзините деца Велјко и Анастасија ќе добијат по некоја улога во него, објавува српски Курир.

Од актерските ѕвезди кои играа во првиот дел, во вториот нема да бидат Војин Четковиќ, Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Слободан Мичаловиќ и Небојша Илиќ, а продуцентите сеуште се во преговори со Катарина Радивојевиќ која во првиот дел ја играше Зоне.

zona zamfirova

Извор за српски Курир вели дека воопшто не е зачуден од понудата на Југ Радивојевиќ, Цеца да ја отпее насловната песна.

„Цеца и Југ се долгогодишни пријатели, така да не е изненадување што заедно ќе работат на нов проект. Желба е и на продукцијата и режисерот насловната песна да биде испеана од страна на позната пејачка, а Цеца веќе има искуство на големото платно бидејќи ја отпеа насловната песна во „Нечиста крв“, каде блескаше како Коштана. Радивојевиќ сака во една епизода да ги ангажира и нејзините деца, Велјко и Анастасија, а и самата Цеца на неколкупати изјави дека Велјко има желба да глуми“, вели извор за Курир.

svetlana-raznatovic-veljko-anastasija-1404069575-525625

Филмот „Зона Замфирова“ е снимен пред 12 години во режија на Здравко Шотре, а во српските кина бил изгледан од 1,2 милиони луѓе. Продолжението ќе биде екранизирано по романот „Зоне, што се случи потоа“.

„Зоне Замфирова 2“ ќе почне да се снима за десетина дена.