Цехте ќе се проба против Македонија

Како и што очекувавме и како што најави вчера нашиот селектор Ивица Обрван, Клемен Цехте е вметнат во тимот на Словенија за денешниот меч со Македонија. Борис Дениќ направи замена во својот тим и опоравениот лев бек ќе добие шанса пред Деан Бомбач. Цехте нема ритам на натпревари на овој шампионат, но има неспорен квалитет и е еден од ретките шутери во тимот на Словенија.

Се работи за одличен ракометар, роден во Брежице, кој настапува во француската лига и кого добро го познава нашиот стручен штаб. Претходно играше во Горење и Тримо Требле во Словенија. Во тимот со неколку разигрувачи како Зорман, Скубе и Шпилер и потребен му е шутер како Цехте. Со Кавтичник и Доленец на спротивната страна, словенците делуваат многу покомплетно на надворешните позиции.

lazarovkiril7.com

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.