Никаде без чадор, цел ден ќе врне!

Според најавите денес цел ден ќе врне. Претпладне не очекува променливо облачно време со локален дожд, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено на исток.

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а дневната од 19 до 25 степени. УВ=5.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд

Во Скопје претпладне променливо облачно со повремен дожд. Попладне облачно со умерен до повремен пороен дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Никаде без чадор, цел ден ќе врне
Никаде без чадор, цел ден ќе врне

Утринската температура ќе биде околу 15, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Следува период на променливо облачно време

И утре ќе биде облачно време со умерен до повремено пороен дожд особено попладне. Услови за нестабилност ќе има во источните делови од земјата. Ќе дува умерен до повремено засилен претежно југоисточен ветер.

Потоа следува период променливо облачно време, утрата ќе бидат свежи, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 26 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.