Македонија

Цел февруари со температури над нулата

Цел февруари со температури над нулата

Според најавите од метеоролозите во текот на наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време, а температури над нулата ќе имаме во текот на цел месец февруари.

Во наредните три дена ќе преовладува стабилно, суво и потопло време со постепен пораст на температурата на воздухот, најавуваат од УХМР.

Во среда, под влијание на циклонска активност, се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен југоисточен ветер.

Според табелите објавени на accuweather. com најтопло ќе биде некаде околу средината на месецот, по што ќе следи благ пад на температурите. Се на се, цел февруари ќе биде со температури над нулата.

fevruari-vremenska-1