Балкан

Цел град во БиХ остана без греење на -15

Цел град во БиХ остана без греење на -15

Жителите на босанскиот град Зеница денеска утро на температура од минус 15 се разбудиле со студени радијатори. Целиот град останал без греење поради дефект на електрониката на компанијата „АрцелорМитал“ која обезбедува топлинска енергија.

„Од  ‘АрцелорМитал’ не известија утрово дека е замрзната електрониката и дека овој дефект ќе биде саниран во текот на денот. Поради технички проблеми на котелот број два за производство на топлинска енергија во погонот Енергетика и не можноста за стартување на котелот број еден како алтернативно решение дошло до престанок на испораката на топлинска енергија“, изјавиле од ЈП „Греење“-Зеница за klix.ba.

Сите расположливи тимови на компанијата се ангажирани на отстранување на дефект.