Цел на безредијaта на стадионот на Партизан била дестабилизација на Србија

Хаосот на јужната трибина на стадионот на „Партизан“ во текот на вечното дерби во средата навечер бил со месеци внимателно подготвуван и имал за цел да предизвика немири во цел Белград, кои на крајот би довеле до криза на власта.

Целата акција оперативно ја водел опасен нарко бос Ф.К додека еден од главните организатори бил поранешен висок функционер на Државната безбедност Р.Б.

Ова се наведува во стродо доверливиот допис кој БИА вчера им ги упати на највисокото државно раковотство! Исто така, објавува „Информер.рс“ како еден од „режисерите на војната“ е означен и контраверзниот бизнисмен З.Н., а се навдува дека постојат сериозни индиции дека организаторите на крвавите немири имале помош од полицаец кој денеска се наоѓа на висока финкција во врвот на МУП, како и од поединци од управата на ФК Партизан.

 

Кој дал кеш?

Досегашната истрага утврдила дека опасните хулигани од Хрватска за предизвикување на нереди во белград биле ангажирани преку контакти на наркомафијата.

„Тоа, се разбира нема никаква врска со фудбалот. Доволно е да погледнете кои се луѓето кои го предизвикаа крвопролевањето на трибините и ќе сфатите колку е голема оваа игра. Хрватите кои во текот на дербито беа уапсени на стадионот не се никакви хулигани, туку многу, многу опасни луѓе! Податоците на хрватската полиција велат дека тие буквално се господари на јужната Хрватска, малтене газди на Сплит и околината, и нив таму никој ништо буквално не им може. Полицајците во Хрватска се сомневаат дека тие стојат зад обидот за атентат на претседателот на ФК Динамо, Здравко Мамиќ, а јавна тајна е дека претседателот на хрватскиот фудбалски сојуз, Давор Шукер се плаши од нив повеќе отколку од самиот ѓавол…“, објаснува изворот на „Информер“ и прашува како може било кој да поверува дека такви луѓе сосема случајно, сами од себе, да дојдат во Белград на вечното дерби.

„Според нашите сознанија, секој од нив добил меѓу 5 и 10 илјади евра за да дојде на ЈНА и да ја презџемат власта на трибините. Претходно имале состаноци и им била одржана кратка обука за тоа што, како и кога точно да направат. За организацијата многу говори и податокот дека на истата трибина во исто време бил и од страна се надгледувал и нарко-босот Ф.К. Тој во моментов е еден од најмоќните и најопасните криминалци во Белград и во целиот регион. Тој сигурно не бил дојден на стадионот за да го гледа дербито…“, додал соговорникот.

Соговорникот на „Информер“ вели дека целата операција ја финансирал поранешен функционер на Службата за државна безбедност Р.Б. и контраверзниот бизнисмен З.Н.

Тие, според информациите на „Информер“ дале пари да се платат и да се доведат тепачите од Хрватска, но и од Бугарија, Македонија, Грција, Русија… Во тек на тепачката на стадионот имало уште двајца опасни луѓе, кои порано биле осудувани-нарко дилери, едниот бил на источната трибина, а другиот на западната. Утврдено е дека непосредно пред нападот тие бил на телефонска линија со Хрватите…, објаснува изворот на „Информер’.

На прашањето што било крајна цел на оваа акција, тој вели:

„Не можам сѐ уште конкретно да тврдам, но многу говори фактот што претепаните Хрвати по тепачката на трибините на навивачите на „Партизан“ и на полицајците им викале „Јебо вас Вучиќ!“

И додека никој официјално не сака да ги коментира овие сознанија, министерот за полиција Небојша Стефановиќ рече дека ништо на стадионот на Партизан не било случајно.

„Едно нешто е многу впечатливо, луѓето дошле од соседните држави и тоа маскирани. Сето она што се случи на стадионот дава потполно јасна слика дека до инцидентот не дошло случајно. Мораме да откриеме која е улогата на странците, бидејќи очигледно се е организирано и предизвикано со некоја намера“, рече Стефановиќ.

„Приведовме 40 луѓе. Сите ќе бидат процесуирани. На дел од странците им е одредено задржување, бидејќи ги предизвикале нередите. Другите ќе ги процесуираме кога ќе добиеме снимки и целосни информации“, додаде Стефановиќ.

 

Сѐ било диригирано

Милорад Вучелиќ, главен уредник на „Вечерње новости“ и претседател на ФК „Партизан“ вели дека нередите некому му биле потребни, но не на „Партизан“, на „Звезда“ или на Србија.

„Сѐ било организирано. Забележав униформирани луѓе во маички со црно-бели ленти. Ова беше мала инвазија на странци со задача. Тешко е да се поверува дека членовите на кик-бокс клубот од Сплит колективно дошле да навиваат. Тоа не е судир на навивачи, туку обид да се предизвика насилство на улиците, да се дестабилизира Белград“, тврди Вучелиќ додавајќи дека пред месец и половина имал информации дека нешто се подготвува.

„Пред месец и половина Вазура и јас од устата на еден функционер слушнавме дека навивачите повторно ќе упаднат во управата на Партизан, но не обрнавме внимание бидејќи мислевме дека тоа е неповрзано нешто изговорено од неодговорен човек на одговорна функција. За жал, беше во право“, додава новинарот.

 

Вучиќ: Ќе ја добијат заслужената казна

Претседателот на Србија Александар Вучиќ повторно говореше за нередите кои се случија на 156 вечно дерби меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан.

Вучиќ одговарајќи на прашање на новинарите во текот на посетата на нишкиот регион, нагласи дека хулиганите ќе ја добијат заслужената казна.

„Не дојдоа тие да го гледаат натпреварот и како цел свет да уживаат во фудбалот. Ќе биде и тоа наскоро, но ова не беше тој случај. Ќе ја добијат заслужената казна за хулиганското однесување, а ќе видиме дали имало уште нешто што во иднина би можело да направи проблеми“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија истакна дека полицијата не реагирала веднаш на трибината за да не избијат уште поголеми нереди.

„Сѐ следиме, испитуваме и гледаме, а постои непишано правило дека кога нешто се случува на истата трибина, за да не дојде од поголеми нереди не реагира полицијата. Тоа правило постои 15-20 години, уште од кога јас ја напуштив трибината. Се интервенира подоцна“, рече Вучиќ.

Вучиќ призна дека постоеле одредени пропусти, но и дека полицијата генерално добро ја одработиле работата.

„Постоеја одредени пропусти, требаше особено оние кои го следат пазарот на дрога и неговите закони да бидат добро запознаени со постапките на одредени мафијашки босови, но добро не може се да се следи. БИА добро ја заврши својата работа, на крајот сите се уапсени, утврдени е од кои простори на поранешната Југославија дошле и потоа се уапсени. Мислам дека нема повторно да дојдат во Србија и да прават било какви нереди. Ова е последен сигнал како мора да се реагира во вакви ситуации“, заклучи Вучиќ.