Цела Македонија утре во жолта фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, Министерството за здравство информира дека во текот на утрешниот ден (четврток) територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната.

На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.