Цела недела исполнета со дожд и снег

Во текот на целата оваа недела ќе има врнежи од дожд, а на планините тие ќе бидат од снег, најавуваат метеоролозите.

За утре, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, а на планините во попладневните часови врнежите ќе бидат од снег.

Најстудено утре ќе биде во Тетово со максимални осум степени, додека најтопло ќе биде во Штип со дневна температура до 14-от степен. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со дневна температура до 12 степени.

Во среда и во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето со магла по одделни котлини.

Од петок повторно се очекуваат врнежи и пад на дневните температури.