Цела опозиција на чело со Заев е за промена на името на Македонија

Не стивнува скандалот со продажбата на името од страна на Љубе Бошкоски, откако на видео сервисот Јутјуб деновиве се појавија снимки на кои јасно се гледа како поранешниот претседателски кандидат и министер го продава името на државата за пари и воедно фатен е на дело како со нелегални пари нелегално ја финансира кампањата за изборите од пред четири години, за што постојат несоборливи докази, објави Курир.

Експертската јавност и граѓаните излегоа со остра осуда за како што велат, предавничките потези на Бошкоски, кој покрај името, го продава и идентитетот на македонскиот народ. Според снимките кои беа објавени на Јутјуб. Бошкоски на посредникот кој зборува македонски јазик, со забележлив грчки нагласок, покрај промена на името на земјата доколку тој дојде на власт, му ветува и промена на националноста.

„Само да знаеш дека грчката влада е одушевена од тебе“, му вели соговорникот на Бошковски сугерирајќи му дека „Северна Македонија“ е „перфектно“ име за државава, на што Бошкоски одговара „Така де, така е “. „Сакам и ти да придонесеш стварно да го решиме проблемот со името еднаш засекогаш“, вели соговорникот на Бошковски во видеото.

Љубе Бошкоски во видеото говори дека сега мора да глуми лудило и да игра на патриотска карта пред гласачите, а кога ќе дојде на власт ќе го смени името за два дена, и потврдно одговара на предлогот на посредникот за именување на националност како граѓани на Републиката, Северна Македонија.

Љубе:  Мајката останува, е сега мајката да земела презиме придавка северна, јужна, не знам каква никаква, дека тоа врска нема. Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам

Посредникот: И за националност, едноставно граѓани на Републиката

Љубе: Така, така.

Но,  Бошкоски не е единствениот политичар во Македонија кој сака да го менува името на земјава. На иста бранова должина е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Дека Македонија треба да ги исполни желбите на соседна Грција и да си го смени името смета и Заев. Ова е став на првиот опозиционер уште од пред повеќе од четири години.

Тогашниот потпретседателот на СДСМ, и градоначалник на Струмица, својот став и ставот на неговата партија во однос на името на Македонија го обелодени на трибина одржана во ноември, 2010 година. За Заев и СДСМ, прифатливо е име со географска одредница.

-Ставот на СДСМ е многу јасен. За нас е прифатливо име со географска одредница, рече Заев.

Исто така, лидерот на СДСМ претходно изјави и дека некогаш треба да се свитка кичмата за да се реши спорот за името.

„Не верувам дека постои политичка партија во државава која ќе има храброст да разговара за македонскиот идентитет, култура, јазик”, вели Заев. “Но, она на што можеме да се согласиме е отстапница во делот на меѓународната употреба на името во сите меѓународни институции и мислам дека овде треба некојпат и да ‘свиткаме кичма’, како што знаат старите да кажат. Премногу ни е важна економската иднина на граѓаните”, истакнува Заев.

kicmeto

Дека речиси целата македонска опозициска коалиција, предводена од СДСМ, е за промена на уставното име на земјава, покажа и Тито Петковски, лидерот на НДСП, кој од собраниската говорница, од името на својата партија порача:

-Мојот став одсекогаш бил и сега е- географска одредница за која ќе се договорат Македонија и Грција, притоа посочувајќи ги Горна или Северна Македонија како решенија.

Ваквиот усогласен став на коалициските партнери отвора дилема кој се стои позади ваквата флексибилност и попустливост. Според аналитичарите станува збор за неискрени политичари кои пробуваат преку манипулација да дојдат на власт. Граѓаните во огромно мнозинство не го одобруваат тоа и не прифакјаат ниту промена на индентитот, ниту промена на името.