Цела советничка група на СДСМ премина во Демократски сојуз

Во општина Сопиште не остана ниту еден советник на СДСМ. Целата советничка група на СДСМ во Сопиште денеска премина во Демократскиот Сојуз.

Како што истакна координаторот на советничката група на СДСМ, Дарко Митревски, од денес во Советот тие ќе ги застапуваат интересите и ставовите на партијата на Павле Трајанов. Тројцата советници истакнаа дека ова преминување го прават од свои лични причини.