петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 9

Канческа-Милевска: Избори мора да има, секое одлагање ќе носи поголема штета за државата

Со самото одложување од 24 април на 5 јуни гледаме што се случува и ја гледаме таа штета и заговор за одложување од еден во друг период. Избори сметам дека мора да има, избори пред се, се најлегитимниот начин за доаѓање на власт, вели министерката Елизабета Канческа Милевска за време на гостувањето на ТВ Нова.

kanceska-1

Последни вести

-Само на еден таков легитимен изборен начин  каде што граѓаните ќе ја дадат довербата за тоа на која политичка партија треба да биде на власт. Ние мора да се стремиме во таа насока. Тоа е единствениот легитимен законски, правен основ на кој што можеме да дојдеме до разрешување на оваа состојба. Сметам дека во овој период ни е потребно единство, сплотување и насочување кон овој единствен легитимен модел а тоа е избори. Изборите мора да се одржат бидејќи секое одлагање на изборите ќе носи се поголема и поголема штета пред се за нашата држава. Треба да се запрашаме кон што се стремиме и која е иднината на нашата држава, вели Канческа Милевска.

Дојдоа бројни инвестиции како никогаш до сега, министерката вели дека сега за пат има програма со проекти во сите дејности и конечно дојде една нова ера едно ново време во кое треба да понудите реални проекти.

-Мора да се работи, не можеме ние со самоуништување и уништување да на сето она што некој до сега го сработил и го оставил на државата да успееме преку ваков начин да дојдеме на власт. И што ќе понудат? Верувам дека секој од нас се прашува што ќе понуди СДСМ? Не видовме ништо, не видовме ниту еден проект кон што ќе ја движи иднината, вели Канческа Милевска.

Најчитани вести