Цело лето „Детски ЗОО фест“ во Зоолошка

Секоја сабота, почнувајќи од оваа, па до октомври, Зоолошката градина ќе биде домаќин на првиот Детски ЗОО Фест, забавен и едукативен фестивал наменет за најмладите. Од 11 до 13 часот ќе настапуваат децата учесници на популарниот детски фестивал „Поточиња” кои ќе ги пејат своите најголеми хитови.
Како дополнителна забава за присутните ќе биде можноста да научат дел од модерните танци заедно со Танцовиот клуб „Сонриса“.

Press_Zoo 6