Цело лето неограничено кон сите мрежи и 2ГБ бесплатен интернет со ЏаБест

По повод вториот роднеден, ЏаБест воведува нов неделен пакет кој на сите ЏаБестери ќе им овозможи да зборуваат неограничено кон сите мрежи и да користат неверојатни 2ГБ бесплатен мобилен интернет. Пакетот е роденденски подарок за корисниците на ЏаБест и е достапен цело лето по цена од 79 ден/неделно.

„ЏаБест и натаму останаува најевтин припејд производ на пазарот , уникатен и единствен по своите карактеристики и понуди. За две години, неговите придобивки ги препознаа дури 240 илјади корисници, а денеска ЏаБест не е само бренд туку и тренд меѓу младите, синоним за движење без ограничувања, состојба на умот,стил на живот, припадност,“ изјави Виктор Доневски, главен маркетинг директор на ОНЕ.

Почнувајќи од денеска, вториот роденден на ЏаБест ќе биде обележан со низа активности и промоции.На плоштадот Македонија е поставен 3Д знак,стилизирано срце со две двојки, пред кое минувачите можат да се фотографираат и на тој начин да се приклучат во одбележување на двегодишнината на ЏаБест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.