Цело семејство „влетало“ на Ургентен, а болниот го оставиле дома сам

Цело семејство дошло во Ургентен, а болниот го заборавиле дома,  раскажуваат од  ГОБ 8-ми семптември  за „здравство  24“.

Несекојдневниот настан се случил неодамна за време на дежурство во ноќните часови. Цело семејство од браќа, сестри, баби, дедовци, стрини и чичковци буквално влетале во Ургентниот центар. И покрај гужвата која е вообичаена за установата, почнале да викаат – итно, итно мора да го примите, човекот има удар, едната страна од лицето му се искриви. Иако вработените се обиделе да ги смират дека се ќе биде во ред, роднините инсистирале на итен прием. Кога требало лекарот да го види болниот, него никаде го немало.

Роднините почнале меѓу себе да се прашуваат каде е, за на крај да сфатат дека го заборавиле дома и тоа сам. Сите брзале за навреме да стигнат до болница, но не го донеле пациентот на кого му требала лекарска помош. На крајот се се завршило како што треба, но вработените кои таа ноќ дежурале уште долго ќе го паметат овој несекојдневен настан. Велат често имаат притисоци од роднини за итен прием и тоа за банални работи, но не им се случило некој да го заборави пациентот дома.