Целосна капитулација на терористичката група во Куманово

Терористичката група која од утрово беше дел од вооружената престрелка кај Куманово се предаде.

Припадниците на безбедносните сили го стегнаа обрачот, ги претресоа сите куќи и сокаци. Групата составена од околу 30 члена вееше бели чаршави предавајќи се.

Но, полицијата ниту после ова не се повлече и откри уште членови на терористичката група. Терористите доживеаја целосна капитулација.

Уште се претресува теренот поради претпазливост за да не остане некој сокриен во куќите.

Македонските припадници на безбедносните сили во кризниот регион ќе продолжат со претрес.

Се’ уште нема официјални информации за евентуално загинати лица во акцијата, сепак се шпекулира дека животот го загубиле тројца припадници на безбедносните сили – двајца од тетовско, еден од гостиварско.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.