Целосна забрана за товарни возила „Меџитлија“ и „Стар Дојран“

На ГП “Стар Дојран“ и ГП “Меџитлија“ има целосна забрана за сообраќај на товарни моторни возила, а пак автомобилите и автобусите се пропуштаат во двата правци на секој еден час, додека на ГП “Богородица“ покрај забраната за тешки моторни возила, патниот и автобускиот сообраќај се одвива нормално, пишува во соопштението на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Според известување од Министерствотото за внатрешни работи, денеска, 09 јули поради протест на грчките царински службеници има посебен сообраќаен режим на граничните премини кон оваа земја.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во соопштението на АМСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.