сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 12

Целосно ќе се реновира Универзитетската клиника за кардиологија

Со комплетно реновирање на објектот ќе се овозможи и унапредување на функционалноста на лифтовите, енергетската ефикасност, затоплувањето, вентилацијата, водоводот, канализацијата, противпожарната заштита, а ќе бидат комплетно обновени и прозорците, вратите, подовите, плафоните, ѕидовите и покривот, истакна Груевски.

kardiologia

Последни вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес најави комплетно реновирање и адаптација на објектот на Универзитетската клиника за кардиологија, во рамки на новите мерки во областа на здравството кои ги промовираше денес.

-Ова е многу значајна инвестиција, имајќи предвид дека постојниот објект на Клиниката е стар околу 40-тина години и ова ќе биде прв поголем градежен зафат на оваа клиника. Ќе се изврши комплетно обновување на инфраструктурата и ентериерот на објектот, опфаќајќи ги одделот за интензивна нега, стационарот и други содржини, со цел овозможување посовремени услови за третман на овие пациенти. Со комплетно реновирање на објектот ќе се овозможи и унапредување на функционалноста на лифтовите, енергетската ефикасност, затоплувањето, вентилацијата, водоводот, канализацијата, противпожарната заштита, а ќе бидат комплетно обновени и прозорците, вратите, подовите, плафоните, ѕидовите и покривот, истакна Груевски.

Тој посочи дека оваа инвестиција ќе изнесува околу 180 милиони денари и по завршувањето на комплетната реконструкција ќе се добијат современи услови за работа на македонските лекари.

Најчитани вести