Целосно ќе се обноват опожарените куќи во населбата Циглана

Целосно ќе се обноват куќите кои што беа зафатени од пожар во скопската населба Циглана во општина Бутел, рече денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој беше во посета на оваа општина заедно со нејзиниот градоначалник, Петре Латиновски.

Владата, заедно со општината, за обнова на десетината куќи, кои што беа опожарени, одвои околу 20 милиони денари.

„Со добра динамика се одвива реконструкцијата и очекуваме некаде за месец-два, во зависност од одвивањето на градежните работи да ги видиме овие куќи целосно реконструирани. Ова беше нешто што го ветивме како Влада“, рече Јанакиески.

Тој истакна дека за овој проект околу 10 милиони денари, се одвоени од буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.