вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 6

Целосно реконструирана амбулантата во Маџари

133110036

Последни вести

По 50 гдини откако е изградена амбулантата во Маџари е комплетно реконструирана и доби целосно нов лик.

Инвестицијата е на Здравствен дом, а со неа се подигнува квалитетот на здравствени услуги за пацинетите од овој регион. Реконструираната амбуланта денеска ја посети министерот за здравство Никола Тодоров заедно со директорката на Здравствен дом – Скопје Татјана Баевска Вучковиќ и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски.

– Целата амбулатна се реконструираше за две недели. Амбулантата не се затвори. Тука работат три тима, двајца матични лекари по општа медицина и еден стоматолог. Прикрепени се околу 6.000 пациенти и 1.600 пациенти кај стоматологот. Идејата беше да се заврши реконструкцијата без да се прекине работата и да им се овозможи на пациентите да добиваат здравствена услуга блиску до местото на живеење, изјави Тодоров.

Тој додаде дека по една мала реконструкција на покривот направена во 2000 година, сега по 50 години се реконструира темелно со промена на целата електрична и водоводна инсталација, подот, фасадата, тоалетите.

Директорката на Здравствен дом посочи дека ова е една од 47-те амбулатни кои се под Здравствен дом, а се минимум стари 40 години. – Претставува макотрпна работа и предизвик да може сите објекти да се реконструираат и реновираат. Одиме парцијално. Оние што се цврста градба е поедноставна реконструкцијата, но кај оние што се од тип бараки бара целосна замена за што треба и повеќе време. Ова беше доста стара амубланта и Здравствен дом одвои 1,5 милиони денари за реконструкцијата, изјави Баевска-Вучковиќ.

Градоначалникот Тони Трајковски потенцира дека граѓаните од оваа општина на средби ја истакнувале како приоритет реконструкцијата на амбулантата.

– Навистина имаме искусни и квалитетни лекари, но просторните услови беа многу лоши, рече Трајковски и додаде дека амбулантата опслужува населени места со 15.000 жители.

Најчитани вести